ЈПКД „Турија“ ги информира жителите од населените места Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково, кои со вода за пиење се снабдуваат преку филтер станицата на Ташли баир, дека поројните дождови од последните неколку денови предизвикаа разматување на водата во регионалниот систем за водоснабдување , поради што истата не е за употреба.
Тековно, нашите екипи работат на санирање на состојбата, која очекуваме во текот на деновите од викендот да биде нормализирана и водата повторно да биде исправна за користење.
Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за настаната состојба.
Со почит,
ЈПКД „Турија“,
Василево





