Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека Советот на општина Василево донесе одлука да се поднесуват барања за проценка на штета, од природна непогода врз земјоделски култури- голомразица, што се случи на 18.03.2025, 19.03.2025 и 20.03.2025 година.
Барања за проценка на штета, може да поднесете во општина Василево од Четврток, 22.05.2025 до 27.05.2025 во работно време од 08:00 до 16:00 часот.
Се повикуваат земјоделците од општина Василево, кои имаат претрпено штета на своите земјоделски површини, од оваа природна непогода, да поднесат барање за процена на штета во наведениот рок, со важечки имотен лист, договор за закуп, лична карта и трансакциска сметка.
Со почит,
општина Василево





