Исчистен отворениот канал во с. Градашорци

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево деновиве работеше на чистење на отворениот бетонски канал во населеното место Градашорци, кој ги прифаќа атмосферските води и спречува поплавување на домовите и земјоделското земјиште.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  кој преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели фотографии и информации за активноста: „Изминатите денови, во населеното место Градошорци се извршија активности за чистење на атмосферскиот канал во центарот на населеното место. Со отстранувањето на наталожениот материјал, главно земја и вегетација каналот се оспособува за прифаќање на атмосферските води од дождовите, кои главно надоаѓаат од полето во каналот кој е покрај улицата во самото населено место. Вкупната должина на каналот изнесува околу 680 метри. Активноста токму во овој период е неопходна, за да се канализира и насочи водата од евентуалните врнежи, односно спречи нејзино излевање по улицата и низ дворовите. Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби. За поубава општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail