И З В Е С Т У В А Њ Е за граѓаните на Едрениково

Се известуваат граѓаните на с. Едрениково да дојдат во просториите на Комуналното претпријатие „Турија“ во Василево, за да склучат договори за приклучок кон канализационата мрежа.

Според Одлука на Советот приклучувањето е задолжително за сите домаќинства. Цената за приклучок изнесува 14.000 денари. Може при склучување на Договорот да се платат најмалку 7.000 денари, а останатите 7.000 денари да се платат на 12 месечни рати.

Месечно за користење  на канализационата мрежа ќе се плаќанпо 5,14 денари од м3 потрошена вода, а во 2021 година ќе се наплаќа по 4,80 денари од м3 потрошена вода.

Според планот за работа на ЈП Турија Василево со приклучување ќе се отпочне во месец Октомври 2020 г., и ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен.

Подетални информации може да добиете во ЈП „Турија“ Василево.

ЈП „Турија“  Василево

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail