Денес, гостин во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше кик – боксерот Пепи Велков, освојувач на златен медал на Европскиот куп во кик -бокс што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
Двајцата сограѓани имаа убав разговор за тренинзите, настапите, натпреварите, успесите и резултатите на Ведлков кој е токму од Василево. Споделувајќи фотографии од денешната средба во кабинетот, градоначалникот Андонов напиша: „Како градоначалник но и како жител на Василево, посебно сум горд на нашиот кик боксер Пепи Велков од кик бокс клубот К1 Арена, кој освои златен медал на Европскиот куп во кикбокс што се одржа во Босна и Херцеговина. Со огромно задоволство го пречекав во мојот кабинет. Кога се има цел и упорно се работи, резултатите се постигнуваат. Поддршка ќе има и во иднина. Како градоначалник и општина секогаш ќе бидеме на страната на спортот. Спортистите се нашите најдобри промотори“.
Општина Василево како институција која постојано вложува во унапредувањето на спортот, редовно, во рамки на своите можности го поддржува и функционирањето на кик-бокс клубот К1 Арена.





