Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево, започна со координирани активности од областа на јавната чистота, во населените места на општината во кои се празнува предстојниот празник Успение на Пресвета Богородица.
Градоначалникот на општина Василево, преку социјалните медиуми, https://www.facebook.com/vasilevo24 информира за деталите од активноста. „Денес расчистена е дивата депонија во населеното место Василево и населеното место Едрениково, исчистени се и искосени гробиштата во Василево. Во наредниот период следува чистење на главните улици во Василево и чистење и косење во населените места Нова Маала, Владевци и Радичево“.
Градоначалникот Андонов го најави и завршувањето на улицата во т.н Ничевска Маала, која е дел од улицата во изградба од Црквата Пресвета Богородица до ООУ „Гоце Делчев“: „Во Василево ќе се асфалтира и улицата во Ничевска Маала доколку дозволат временските услови до крајот на неделата. Со граѓаните сме постојано во комуникација, поминаа тежок период и јас како градоначалник вложив дополнителни напори да дојдеме до оваа фаза од реализацијата на овој проект“.
„На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина. За поубаво Василево“ – апелира градоначалникот Андонов.





