Крводарителска акција во Василево во среда на 26.03.2025

Во среда на 26.03.2025 година,  ОО Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона медицина и поддршка на Општина Василево,  организира крводарителска акција за граѓаните и вработените во општина Василево.
Акцијата ќе се одржи во просторите на Дом на културата во с. Василево во периодот  од 09,00  до 14,00 часот. Организаторите упатуваат отворена покана до граѓаните да се вклучат во акцијата и да ја  покажат хуманоста на дело.  Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail