Санацијата на селските патишта и улица во општина Василево продолжува. Деновиве се крпеа дупките на патот Градошорци и Ангелци кој е дел од региналниот пат Градошорци –Вељуса. „Пополнувањето на дупките со асфалт ќе ја подобри состојбата на овој пат чија фреквентност и оптеретеност, пред се поради неговиот регионален карактер е голема. Резултат на тоа се големи оштетувања по целата должина на коловозот кои претставуваат опасност за безбедно одвивање на сообраќајот“ рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во врска со крпењето на дупките на овој пат.
Активноста ја изведуваа екипи на Македонија пат.