Денес, гости во кабинетот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беа учениците од ООУ„Гоце Делчев“, Василево кои на неодамна одржаните државни натпревари имаат освоено награди.
Заедно со своите ментори Алма Хасанова и Зоран Атанасов беа наградените ученици – учесници на Државното првенство во Атлетика 2022/2023 од каде се вратија со три трети и две втори места во различни атлетски дисциплини.
Заедно со своите ментори Томе Китановски и Јована Василевска беа и наградените ученички на Државниот натпревар по биологија, кои се од таму се вратија со втора и трета награда.
Успехот на учениците и менторите им го честиташе градоначалникот на општина Василево Славе Андонов кој меѓу другото им порача постигнатите резултати да им бидат мотивација за понатамошен успех и резултати со кои ќе се гордеат тие самите, училиштето во кое учат и општината која со своите успеси ја промовираат на најубавиот можен начин.
На наградените ученици, Градоначалникот им вети заедничка ексурзија која ќе се реализра набрзо.





