Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше домаќин на најдобриот полицаец во општина Василево, Панче Партиков, кој заедно со Претседателот на НСП ПС Струмица и ПО Ново Село, Славе Стојанов, беа гости во кабинетот на Градоначалникот.
По претходно потпишан договор со Независниот синдикат на полицијата, а на предлог на старешини во ПС и БПС Струмица, за најдобар полициски службеник на територијата на општина Василево, прогласен е Панче Партиков, на кој општина Василево му доделува парична награда.
Честитајќи му, Градоначалникот Андонов на полицаецот Партиков, му посака наградата да му биде дополнителен мотив за континуитет во залагањата за уште поуспешно спроведување на неговите секојдневни обврски во насока на подобрување на безбедноста на општина Василево и неговата работа да биде стимул и за останатите негови колеги полицајци од општина Василево, кои заедно се одговорни за безбедноста на сите граѓани, како и многу успеси на приватен и професионален план.





