На Вонредна седница на Советот на О.Василево утврдени Комисиите за процена на штети од невремето

Синоќа, 12.05.2025 година, со почеток во 20,00 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница, со единствена точка на дневен ред: Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање Комисии за процена на штета од природни непогоди. Седницата, како што образложи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, оваа вонредна седница е заради комплетирање на Комисиите за процена на штетите од природната непогода која ја зафати територијата на општина Василево на 07.05.2025 година. Комплетирањето на комисиите се однесува на членовите односно стручните лица  предложени од страна на  Министерството.
По направените измени Комисиите се во следниот состав:

1.Саветка Петрова Атанасова – претседател на Комисијата (вработена во МЗШВ ПЕ Струмица);
2.Ристо Велков – член на Комисијата (дипломиран агроном, инженер и градинарство);
3.Божин Николов – член на Комисијата (вработен во МЗШВ ПЕ Струмица);
4.Катерина Јованова – член на Комисијата (дипломиран економист, вработена во општина Василево);

1.Миле Петров – претседател на Комисијата (дипломиран земјоделски инженер);
2.Блажо Крстев – член на Комисијата (вработен во МЗШВ ПЕ Струмица);
3.Боби Величковски – член на Комисијата (дипломиран менаџер по менаџмент на човечки ресурси, вработен во општина Василево)

1.Ванчо Атанасов – претседател на Комисијата (вработен во МЗШВ ПЕ Струмица);
2.Соња Иванова – член на Комисијата (дипломиран економист, вработена во општина Василево);
3.Симона Стојанова – член на Комисијата (дипломиран економист, вработена во општина Василево)

Седницата може да се проследи на you tube каналот на општина Василево, https://www.youtube.com/@%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%BA3
на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=Z4snFjyv4Dk.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail