На 28-та седница, Советниците од општина Василево кажаа НЕ за рудникот Иловица

Советот на општина Василево ја одржа 28-та Седница чиј дневен ред беше дополнет со три нови предлози меѓу кои и Дали советниците во Советот на општина Василево се против отварање на рудникот за бакар и злато во Иловица.  По образложението дадено од предлагачот, советникот Ване Андонов од ВМРО ДПМНЕ, советниците  донесоа едногласна одлука со која јасно кажаа дека се против отварање на рудник. По предлогот се произнесе и Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој  нагласи дека  со оваа Одлука општината ќе застене во одбрана на здравјето на нашите граѓани, бидејќи

Со неговоте евентуалното отварање би имале многу проблеми, ние, нашите деца, нашите идни поколенија и  земјоделието како основен извор за егзистенција во овој крај би бил доведен во прашање; дноставно кажано катастрофа и еколошка бомба.

На дневен ред беа и Кварталните извештаи за периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023, (Квартален извештај за извршување на Буџетот – К1, Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево К2 и Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево К3. Во образложението дадено до Советниците, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов потенцира дека реализацијата на  вкупниот Буџет е околу 41,73 % , со очекување процентот во однос на минатогодишниот да биде надминат. Во делот на задолжувањата,  Градоначалникот даде објаснување задолжувањето од  92 000 000 денари наспроти 100 000 000 денари, долг со кој ја има преземено општината покажува тренд на стабилизирање, со истовремена реализација на проекти во сите населени места.

Кварталните извештаи, без дискусија беа едногласно усвоени.

Дискусија кај советниците предизвика Предлогот за измена и дополнувања на Двогодишниот акциски план за родова еднаквост на општина Василево за 2022-2023 година. Својот став по ова прашање пред Советниците го изнесе и Градоначалникот Андонов, кој рече: Многу едноставно е, имаме закон за еднаквост на мажите и жените, имаме и Комисија за еднаквост на мажите и жените формирана од Советот. Оваа комисија е за унапредување на правата, пред се на жените. Точка на дневен ред е да си го измениме акцискиот план, со тоа што ќе се вратиме на првичниот, дека имаме еднаквост на маж и жена, притоа потенцирајќи го унапредувањето на правата на жените. Оваа Предлог-измена беше усвоена со девет гласови „за“.

На дневен ред беа и Годишната програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2023/2024 година и Развојната програма на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за периодот од 2023/2027 година, кои беа едногласно усвоени.

Советниците, едногласно  ја прифатија оставката на Бурхан Исинов од член на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.

Едногласно беа усвоени и двете Барања за финансиски средства, поднесени од Медиа Пресс Сервис и ОК „Сушево“ од Сушево за реализација на нивни активности.

1

3

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail