Почитувани сограѓани,
Празниците се едни од најубавите денови во годината кога секој од нас е исполнет со посебна енергија, која преку добрите желби и убавите мисли ја споделува со своите најблиски, со пријателите и оние на кои им посакува убави нешта.
Новата година, по многу нешта единствена е повод, за до Вас почитувани мои да ги упатам моите најискрени желби за добро здравје на вас и вашите најмили, за благосостојба во вашите домови, за успех во реализацијата на вашите планови и идеи, да Ви посакам безброј причини за радост и исполнување на вашите желби.
Новата година е и повод, за на момент да се потсетиме на годината што ја оставаме зад нас, па збогатени со искуствата, мудро и сигурно да зачекориме напред.
А зад нас е година исполнета со многу предизвици, со многу отворени прашања, проблеми но и максимално ангажирање на сите потенцијали и многу вложен труд чии резултати се асфалтирани патишта, исчистени одводни канали, тампонирани улици, отстранети диви депонии, воспоставени соработки со соседни и не толку географски блиски, но сепак пријателски општини на чии резултати допрва ќе се гордееме.
Зад нас се и многу донесени Одлуки, Планови и Програми чија реализација ќе значи иден развој и просперитет.
Зад нас е година во која сите заедно научивме и покажавме дека сплотени околу идејата за подобра општина Василево и со максимално залагање на секој поединец секоја цел е достижна.
Збогатени со искуството, знаењето и желбата за повеќе и подобро, која од секогаш била наша јака страна, дополнети со новата енергија што ни иде со Новата година, уште похрабро и посигурно ќе продолжиме по патот што го трасиравме, патот на резултати и сигурни реализациии.
Заедно како и досега, сплотени, единствени.
Почитувани мои сограѓани
Да сте ми сите живи и здрави, среќни и весели. Новата година нека биде година на Ваш успех и исполнување на вашите желби
Среќна и бериќетна Нова 2023 година.
Со почит,
Ваш градоначалник
Славе Андонов





