Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, традиционално на првачињата од општина Василево им подари новогодишни пакетчиња. Со желби за добро здравје, успех во учењето и исполнување на сите детски желби, градоначалникот Стојанов заедно со претседателот на општинскиот совет Драги Митев им ги разубавија престојните Новогодишно-Божични празници на најмалите ученици – првачињата. Преку песнички за Новата година, за зимата, за првиот снег….дечињата му посакаа среќна Нова година на градоначалникот и му се заблагодарија за подароците.





