Новогодишни пакетчиња, подарок од Даниел Василев од Василево кој работи и живее во Швајцарија, беа причина плус за денешната радост на првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, од Василево.
Покрај пакетчињата, за потребите на учениците по спорт и физичко образование, Василев донираше и топки.
Според информацијата од наставничката Слаѓана Тимова, ова не е негова прва донација. Новиот под во нивната училница е исто така донација од овој млад сограѓанин, за што тие и училиштето му изразуваат благодарност и му посакуваат здравје, среќа и бериќет во Новата 2024 година.





