Почитувани сограѓани!
Кога зад нас ја оставаме Старата и со многу надеж, планови и очекувања ја дочекуваме Новата година, искрено и од се срце Ви посакувам исполнување на сите ваши желби и поставени цели.
Зад нас е година на многу реализирани планови и проекти, на многу завршени задачи и стекнати искуства; Година во која заеднички планиравме и работевме на подобрување на целокупниот амбиент во кој се одвива нашето секојдневно живеење.
Зас нас е година на многу успешно исполнети задачи и постигнати цели, но и година на многу предизвици кои допрва, заеднички како и досега ќе ги реализираме.
Новогодишно-Божиќните празници се најубавиот период од годината, кога заедно со своите најблиски славејќи за успесите и постигнатото, со оптимизам гледаме во иднината и му се радуваме на новото.
Со убава желба и позитивна мисла да зачекориме во годината што иде, и да си посакаме успешна да ни биде.
Од мое лично име и од име на општина Василево, искрено и од се срце, Ви посакувам да бидете сите здрави и живи, среќни и весели, и во хармонија и слога да ги поминеме празниците што идат.
Ви посакувам среќна и бериќетна Нова 2020 година и весели Божиќни празници.
Општина Василево
Градоначалник
Марјан Јанев





