Денес, во Министерството за финасии, на општина Василево и беше предадена комплетна техничка документација за локални патишта и улици, односно за три улици во населеното место Василево, во вкупна должина од 3 км.
Техничката документација опфаќа: основен градежен проект, елаборат за ажурирана геодетска подлога, ревизија на проектната документација, електронска форма на целата техничка документација и електронска форма на елаборатот за заштита на животната средина, за секоја од трите улици посебно.
Оваа техничка документација е изработена во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, финасиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) а имплементиран од Министерството за финасии.
„Техничката документација како неопходен предуслов за изградба и реконструкција на локаната патна мрежа го зголемува капацитетот и ја подобрува подготвеноста на општина Василево за следните фази во изградбата на нови и реконструкција на постојните улици“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во врска со денес преземената техничка документација.





