Општина Василево преку Министерството за транспорт и врски обезбеди средства за изградба на крак од фекален канализационе систем во населеното место Василево. Согласно Договорот се работи за Крак во должина од 478 метри и Буџет од 709 634 денари.
Во населеното место Василево во тек е и изградба на Крак од фекалниот канализационен систем кај Домот на културата во должина од 753 метри.
По тој повод, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, се огласи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов: „Денес, споделуваме убава вест за населеното место Василево! Обезбедивме финансиски средства за изградба на уште еден крак фекална канализација во населеното место Василево Според поднесената апликација и договорот со Министерството за транспорт и врски ќе се гради Крак 3 од фекална канализација Василево. Моето ветување кога ја барав довербата од Вас, граѓаните на Општина Василево беше дека посебно внимание ќе посветиме на изградбата на фекален канализационен систем. Ветувањето го реализаираме, постепено и во рамки на можностите, имајќи ја во предвид финансиската состојба но и фактот дека претходно во населеното место Василево немаше изградено ниту еден метар од фекалниот канализационен систем.“ Во наредните денови ќе продолжи и изградбата на кракот до Културниот Дом во Василево. Како и што ветив до крајот на мојот мандат во населеното место Василево ќе се изгради најмалку 60% од фекалната канализациона мрежа. Дадениот збор пред граѓаните се исполнува. Продолжуваме за нашата општина Василево“, информираше градоначалникот Андонов.





