Обезбедени средства за реконструкција на Домот на културата во Градашорци

„Ќе се реконструира домот на културата во Градошорци. Општина Василево во партнерство со општина Кресна,  Р.Бугарија, успеа да обезбеди средства со прекугранична соработка“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  во врска со најновите активности на општина Василево во делот на Прекуграничната соработка на INTERREG IPP помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија 2021-2027.
Со буџет од 346 000 евра ќе биде извршена целосна реконструкција на Домот на културата во Градшорци која опфаќа: реконструкција на кров, нова фасада,  поставување на фотоволтаици, хортикултурно уредување на просторот, поставување на аудио техничка опрема и уредување на спомен соба на Мис Стон.
Следниот чекор во планираните активности е потпишување Договор меѓу сите партнери кои ќе бидат вклучени во реализација на Проектот. Планиран период за имплементација на сите активности е 24 месеци.
„По комплетирањето на целосната документација,се надевам сите ќе бидеме сведоци на почетокот со градба на овој прекрасен објект, кој го заслужува Градошорци. Општина Василево е една од неколкуте општини од Р.Македонија, чиј проект беше прифатен како соодветен за финансирање“, стои во објавата на Градоначалникот.
Во 2022 година, општина Василево и општина Кресна потпишаа Договор за партнерство за аплицирање по INTERREG IPP за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2021-2027“, чиј резултат е Реконструкцијата на Домот на културата во с. Градашорци.
INTERREG IPP Бугарија и Република Македонија 2021-2027 програмата е финансирана од Европската Унија со средства според Инструментот за претпристапна помош (ИППЗ).

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail