Денес, претставници од ОО Црвен крст од Струмица, во соработка со општина Василево и Сојузот на пензинерите, под мотото „Сите сме нивни деца“ одржаа едукативни предавања во населените места Василево и Ангелци. Граѓаните, пред се повозрасни лица, биле информирани за нивните права, за придобивките од новиот Закон за социјална заштита и социјалните услуги кои во иднина ќе се развиваат а се наменети за оваа старосна категорија на граѓани.
Едукативните предавања кои се одржаа во просториите на пензионерските здруженија, се во рамки на неделата за грижа на стари лица.