Одржана 13-та седница на Советот на општина Василево

„Советот на општина Василево денес донесе неколку значајни одлуки, на одржаната 13 -та седница. Советниците ги подржаа едногласно моите предлози за Измена и Дополнување на Буџетот на општина Василево за 2022 година со што конечно ќе се отпочне постапка за реконструкција на патот од Нова Маала до Добрашинци. Ветивме и ќе го реализираме овој патен правец. Вложувањето во патната инфраструктура е еден од приоритетите. Реконструкцијата на овој пат е од голема важност за жителите на населените места Нова Маала, Добрашинци,Висока Маала и Чанаклија.

Советниците едногласно го прифатија и предлогот ОК Сушево да почне одново да се натпреварува во првата македонска одбојкарска лига.

Ветивме и ја дадовме подршката ОК Сушево повторно да биде спортски репрезент на општина Василево“, информираше преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за дел од Одлуките донесени на денешната седница и нивното значење за граѓаните на општина Василево.

Сите точки од дневен ред, кој на самата Седница беше дополнет со уште пет предлози беа усвоени.

Како дополнителни,  советниците ги предложија и усвоија следните предлози:

  • Давање согласност на Годишен план за вработување на општина Василево за 2023 г.
  • Давање согласност на измената на Годишниот план за вработување за 2022 година на ЈПКД Турија Василево
  • Заклучок за усвојување на годишна програма за работа на ООУ Атанас Нивичански Нова Маала за учебната 2022-2023 г.
  • Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П.бр.1055/5 во КО Ангелци
  • Одлука за одобрување на финансиски средства на ФК Василевo

Советниците ги усвоија и Годишниот извештај за работа на детската градинка, „Прва радост“, за периодот 2021-2022, Програмата за работа на градинката за тековната 2022-2023 година, Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во градинката, Одлуката за прием на повеќе или помалку деца во група, како и Комисијата за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУГД „Прва радост“, Василево.

Советниците позитивно одговорија и на барањата за финансиска помош поднесени до Советот на општина Василево.

1 4 6

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail