Со полагање свежо цвеќе пред бистата на Атанас Нивичански , денес основното општинско училиште од Нова Маала кое го носи името на овој локален војвода го одбележа својот патрон празник. Ученици од ова училиште се претставија со творби за ликот и делото на Нивичански. Пред бистата се поклонија делегации од училиштето и локалната самоуправа Василево под чии ингеренции е ова училиште.
Основното општинско училиште „Атанас Нивичански“ е основано во 2012 година и во негов состав се и подрачните училишта во населените места Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала.