Денес, во ООУ „Гоце Делчев“, Василево, во во соработка со Друштво за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“, беше спроведена еколошка акција за собирање на стара хартија во која се вклучија учениците и вработените од училиштето.
Како што информираше директорот на училиштето Дејан Стојанов, како резултат на соработката од Пакомак ќе добијат камти за селектирање на отпадот, кои освен што ќе придонесат за заштита на животната средина ќе влијаат и врз свеста на учениците за неопходноста од селекцијата на отпадот и нивната улога во целокупниот процес на зачувување на животната средина.
Акцијата практично беше поддржана и од општина Василево, а градоначалникот Славе Андонов со дел од вработените лично ја однесоа собраната стара хартија на собирниот пункт во училиштето.
„Како поединци а посебно како институции во служба на граѓаните наша обврска е со сопствен пример на општествена одговорност да ја покажеме насоката која води кон просперитетна и безбедна иднина“, изјави градоначалникот Андонов кој лично ја поддржа денешната акција.





