Општинарите пошумуваа во Чешмедере

Општина Василево заедно со ПШС „Беласица“ Струмица се вклучија во акцијата на пошумување, „Ден на дрвото –засади ја својата иднина“, која годинава се одржа под мотото „ Засади дрво – засади успех“.
„ Општина Василево континуирано ја поддржува акцијата Ден на дрвото и во изминатиот период засади големи површини и заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се труди површините кои се соголени повторно да ги озелени. Веќе имаме и резултати од она што е садено во изминатиот период“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој заедно со општинската администрација, пратеникот од општина Василево во Републичкиот парламент г-дин Дајанчо Ефтимов, вработените и учениците во ООУ„Атанас Нивичански“ и граѓаните на општина Василево, пошумуваше во месноста Чешмедере, меѓу населените места Нова Маала и Чанаклија.
Во акцијата се засадуваа садници на бел и црн бор и дива круша.

8

10

11

12

13

14

17

18

19

20

22

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail