На самиот крај од годината, на 28 и 29 12.20202 година општина Василево изгради уште една улица – асфалтираше улица во индустриската зона.
Улицата е долга 150 метри, широка 5 и истата е лоцирана покрај поранешниот објект на компанијата Саваот.
„Со изградба на овaa улица ја подобруваме локалната патна инфраструктура во општината, им го подобруваме пристапот на стопанствениците до индустриски капацитети и придонесуваме за јакнење на локалниот економски развој“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на асфалтирањето и изврши увид во текот на работите.
Средствата за оваа улица во висина од околу 830 000 денари општината го обезбеди од сопствениот Буџет.
Работите на терен ги изведуваше компанијата Интер метал мет, со која како најповолен понудувач по спроведената јавна набавка, општина Василево има потпишано договор.





