Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ за извршување на чинот на осветување на водите по повод празникот Богојавление-Водици, врши уредување на речниот простор во населените места во кои светиот крст се спушта во речната вода. Со механицаји комуналното претпријатие врши отстранување на вегетацијата и целосно расчистување на просторот каде ќе биде изведен светиот чин на осветрување на водите и спуштањето на крстот. Како што информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, станува збор за речните приоди во населените места Василево, Пиперево, Добрашинци и за Владевци и Сушево. Во другите населени места на општина Василево овој свет чин се изведува во специјално за таа намена изградените базени во црковните дворови.
Општина Василево и година е покровител на овој настан и за најуспешните-најсреќните, кои ќе успеат да го извадат светиот крст од осветените води има обезбедено парична награда. Парична награда за оној кој ќе го извади крстот од водата во с. Василево има обезбедено и компанијата Зегин.
Чинот на осветување ќе се спроведе утрото на 19.01.2024 година, на празникот Богојавление – Водици, веднаш по утринската богослужба во црковните храмови во секое населено место.





