Заради подобрување на состојбата со водоснабдувањето во населеното место Едрениково, општина Василево викендов започна со поставување на црево за обезбедување на изворска вода за жителите од ова населено место. Како што информираше градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, се работи за реализација на активност која е на барање на граѓаните од ова населено место.
„Започнаа градежни активности за поставување на црево во должина од околу 600 метри за обезбедување на изворска вода за населеното место Едрениково. Оваа е едно од барањата на граѓаните, кое го реализираме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека ветеното ќе го реализираме“, стои во објавата на Градоначалникот.
Населеното место Едреникови со вода се снабдува од регионалниот систем за водосбадување преку филтер станицата Ташли Баир а овој зафат е во фуккција на подобрување на водоснабдувањето.
Активноста се реализира со ресурси обезбедени од општина Василево.





