Синоќа, во спортската сала во Василево, општина Василево беше домаќин на настан за одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември. Присутните, главно граѓани од турската заедница во општина Василево, ги поздрави градоначалникот на општината Марјан Јанев.
„Има ли поубав показател за нашиот соживот, взаемно почитување и разбирање, од ова наше вечерашно заедничко дружење и празнување.
Взаемната почит надградена со искрени заложби за подобар живот, соработка врз рамноправно основи, добра волја и желба за надминување на проблемите преку взаемен договор е најдобриот показател дека се движиме во вистинска насока“ им порача градоначалникот Јанев на своите сограѓани.
На свечениот настан присуствуваа и гости од Р.Турција, претставници од општини со кои општина Василево во последните две години воспостави комумикација и пријателски односи со тенденција за конкретна соработка во неколку области.





