Денес, во населеното место Седларци, општина Василево започна со изградба на улица. Улицата е долга 160 метри и широка околу 3 метри, односно онолку колку што дозволуваат условите на лице место. Според спецификацијата и предмер- пресметките, асфалтирани ќе бидат вкупно 500 м2.
Буџетот во висина од 744 558 денари, општината го обезбеди од сопствени извори на приходи, во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година.
Старот на градежните активности го следеше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој денес беше на лице место во населеното место Седларци.
Изведувач на активностите е градежната компанија Бони интерградба.