Локалната самоуправа Василево во соработка со Здружението за култура Култ транзен од Струмица започна со активности за подготовка на стратегија за развој на културата во општина Василево.
На првата работилница, направена е анализа на моменталната состојба во секторот култура во општина Василево при што се дефинирани културните вредности на општина Василево како појдовна основа за следните активности чиј краен продукт ќе биде Стратегија за развој на културата во општина Василево. Изработката на овој стратешки документ ќе се одвива во неколку чекори поради што планирано е да се одржат уште четири работилници.
Изготвувањето на Стратегијата е дел од активностите кои се предвидени со проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“, финансиски поддржан од програмата Цивика Мобилитас – програма на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Имплементатор на проектот е Здружението за култура Култ-транзен од Струмица.





