Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во својот кабинет оствари работна средба со претставниците на Мен енд Маунтен, со кои разговараше за вклученост на општина Василево на четвртото издание на Генералка викенд- 2024 година.
Двете страни и писмено се обврзаа на зедничка активност која ќе се реализира во мај наредната 2024 година.
Главното поле на активности на Мен енд Маунтен е организирање еколошки настани и акции со вклученост на зедницата чија цел е подигање на свеста на сите општествени слоеви за тоа дека нашата земја, нашата околина може да стане подобро место за живеење, нешто кое зависи само од нас самите.





