Општина Василево и општина Кресна потпишаа Договор за партнерство

„Денес во просториите на општина Кресна , помеѓу општина Кресна, претставувана од заменик градоначалникот г-дин Петар Петров и општина Василево претставувана од мене како градоначалник, беше потпишан договор за партнерство за аплицирање по INTERREG IPP за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2021-2027“, преку социјалните мрежи, https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

INTERREG IPP Бугарија и Република Македонија 2021-2027 програмата е финансирана од Европската Унија со средства според Инструментот за претпристапна помош (ИППЗ).

Двете општини ќе имплементираат два проекти за подобрување на урбаната и зелената инфраструктура и развојот на културен и еколошки туризам.

1 2

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail