Денес, во просториите на општина Василево, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и Недрет Ѓулен, претставник на општина Субаши од Р. Турција, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете општини.
Целта, како што стои во документот е меѓусебна размена на искуства во областа на образование, спорт и култура од која бенефит ќе имаат и двете страни.
Денес потпишаниот Меморандум е продолжение на речиси двегодишното пријателство, соработка и меѓусебна комуникација меѓу двете општини.
„ Следниот очекуван и посакуван чекор во насока на продлабочување на соработката со општина Субаши е збратимување на нашите општините со што би се зацврстиле воспоставените релации и би се створиле услови и за поконкретни активности меѓу двете општини“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по денешното потпишување на Меморандумот.





