Во знак на пријателството меѓу збратимените општини Василево и Понтенуре од Р.Италија, на 16.09.2023 година, во Понтенуре, Италија за прв пат се организира културна манифестација ,,Македонски ден”.
Информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој меѓу другото упатува и отворена покана до сите Македонци и љубители на македонскиот фолклор и култура за присуство на манифестацијата.
„Нашата идеја е заедно двете општини со Здружението ,,Македонски корени”, да организираме една ваква манифестација каде заедно ќе ја славиме традицијата , културата , фолклорот на двете збратимени општини. И покрај далечината ние успеавме да се почитуваме, да одржуваме постојана комуникација и да придонесуваме во приближувањето на двете општини градејќи цврсти мостови на пријателство и соработка. На манифестацијата во Понтенуре ќе настапи нашиот културен амбасадор КУД ,,Сушевски Бисери” од Сушево“, напиша градоначалникот Андонов.





