Со традиционалниот „Марш до Варварица“ во организација на локалната самоуправа Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица беше одбележана 74 годишнината од формирањето на Првиот Околиски комитет на народноослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.
Пред спомен плочата на која се испишани имињата на учесниците во овие историски настани свежо цвеќе положија делегации на од општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица.
Делегации од општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица положија свежо цвеќе пред спомен плочата на која се испишани имињата на учесниците во овие историски настани. Пред спомен-плочата меѓу другите се поклонија и пратеникот во Републичкиот парламент Сашко Атанасов и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој пред присутните прочита и реферат за настаните што се случувале во тој крај во далечната 1944 год. кога револуционерната борба земала се поголем замав, а слободата била се поблизу.





