Општина Василево се поднови со цистерна за комуналните активности

„Општина Василево доби возило односно цистерна за прочистување на канализација од општина Согут, Р.Турција“, напиша на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод добивањето на донацијата од збратимената општина Согут, Р. Турција.  „Го добивме во прав момент, имајќи во предвид дека Општина Василево гради краци од фекална канализација во Василево и Пиперево, а наш план е до крајот на мојот мандат да започнеме со изградба на фекална канализација и во Ангелци, Градошорци и Радичево“, информираше Андонов, притоа најавувајќи ги идните активности во делот на изградбата на системи за фекална канализација ви населените места на општината. Андонов изрази благодарност за донацијата со надеж дека соработката меѓу двете општини ќе продолжи и во иднина: „Возилото ќе го зголеми капацитетот на комуналното претпријатие. Изразувам благодарност до братската општина Согут за оваа донација. Убеден сум дека соработката ќе продолжи и во иднина.“ Општина Василево и општина Согут, Р.Турција актот за збратимување го потпишаа во јануари минатата година.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail