Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов склучи Меморандум за соработка со ДТ Глобал Интернационал Девелопмент кој е изведувач и имплементатор на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите, чија цел е преку партнерство со Владата на РСМакедонија и единиците на локална самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална децентрализација.
„Општина Василево е избрана да биде дел од третата група партнер-општини на Проектот н УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
За таа цел, денеска присуствував на настанот „Партнерство за поефикасни општини“ каде се организираше потпишување Меморандум за соработка со третата група партнер-општини. Целта на овој Меморандум е да ги опише целите на УСАИД проектот и да ја дефинира взаемната соработка предвидена при спроведувањето на овие цели меѓу Општина Василево и ДТ Глобал. Со меморандумот е опфатено и зголемување на приходите од сопствени извори на општина Василево, подобрување на капацитетите за планирање, извршување, известување, следење и анализа на буџетот, подобрување на пристапот до потенцијалните извори на надворешно финансирање“, напиша по тој повод на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.jemi, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.





