Општина Василево стартуваше со изградба на улица во с. Едрениково

Градежната компанија Бони интерградба, ангажирана од општина Василево, денес во населеното место Едрениково започна со изградба на улица. На терен беше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  кој изврши увид во активностите и во разговор со стручните лица од изведувачот се запозна со текот и динамиката на со кои ќе се одвиваат работите во наредниот период. Во моментот се работи на машински ископ и рамнење на теренот.

Должината на улицата е 115 метри а ширината 3 метри. Вкупниот буџет за нејзина реализација изнесува 514 381 денари, средства обезбедени од сопствени извори на  приходи на општина Василево. Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба на локални улици и патишта во општина Василево за 2022 година.

DSC_0484_1024x681 DSC_0488_1024x681
DSC_0508_1024x681 DSC_0516_1024x681 DSC_0520_1024x681

DSC_0517_1024x681 DSC_0525_1024x681

DSC_0521_1024x681

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail