Општина Василево тампонираше полски пат во Градашорци

„Тампониран полски пат во Градошорци. Се решава горлив проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Градошорци. Во наредниот период ќе се тампонираат полски патишта и во други населени места“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов споделувајќи информацијата за една од тековните активности на општина Василево, актуелни во овој период.
Деновиве општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево спроведува активнсти на тампонирање на полски патишта низ населените места на општината заради нивно подобрување и олеснет пристап на земјоделците до нивите, во овој период на интензивирање на земјоделските активности.
Во изминатите денови тампонирани беа полски патишта во населените места Пиперево и Василево, а вакви активности се планирани и за останатите населени места на општина Василево.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail