Во населените места Василево и Сушево, ЈПКД „Турија“ на иницијатива на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов спроведува активност на уредување земјени патишта и улици. Конкретно активностите се спроведени на по една улици во Сушево и Василево, како и на полскиот пат што води од големото фудбалско игралиште во Василево кон депонијата.
На лице место, додека се уредуваше полскиот пат во Василево беше градоначалникот Андонов кој меѓу другото рече дека ова е една од обврските кои локалната самоуправа ги спроведува заради стварање подобри услови за граѓаните кои ги користат. „Овој пат секојдневно го користат моите сограѓани, земјоделците за пристап до своите површини, а наша обврска како локална самоуправа е негово одржување. Бидејќи се работи за земјен пат, за да биде во добра состојба неопходно е негово одржување, односно рамнење, пополнување на дупките кои настануваат поради врнежи и секако отстранување на вегетацијата од страничните делови, како би можеле земјоделците да имаат нормален пристап до нивите“ Токму тоа е и активноста која ја спроведуваме со ЈПКД „Турија“, на овој пат како и на земјените улици во Василево у Сушево.
Активностите на уредување на земјените патишта ЈПКД „Турија“ ги реализира со сопствена механизација и ресурси.





