Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево продолжува со пролетната акција на расчистување на дивите депониии низ населените места. За последната активност, информација преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Расчистени се две диви депонии во населеното место Нова Маала. Во турското маало во Нова Маала; Депонијата во близина на селските гробишта. Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, стои во ФБ објавата на градоначалникот, преку која упатува и порака за одговорноста на целокупното население за животната средина и свесноста за нејзиното одржување.





