На 05 мај, ден спроти верскиот празник Ѓурѓовден, во населеното место Едрениково, во организација на општина Василево, годинава по прв пат ќе се одржат Ѓурѓовденски средби.
Манифестацијата ќе започне во 19,00 часот, со служење на црковна богослужба во црквата Св. Ѓорѓи во Едрениково, по што за присутните граѓани ќе следува културно уметничка програма и заедничка вечера.





