Општина Василево ќе се вклучи во еко-акцијата Генералка викенд-2025

Општина Василево и годинава активно ќе се вклучи во најголемата национална еко- акција Генералка викенд-2025 година.
Вработените во локалната самоуправа, училиштата и другите јавни локални институции заедно со граѓаните, во недела, 11.05.2025 година организирано, ќе собираат отпад низ населените места на општината.
Игралиштата, парковите и останатите јавни површини ќе бидат местата каде во недела, со почеток во 10,00 часот ќе старуваат активностите.
Оваа волонтерска акција е создадена од  Man and Mountain (Мен енд маунтен), која неколку години  по ред успешно ја спроведува оваа масовна еколошка акција со вклученост на голем број институции, граѓани и компании.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail