Општина Василево ќе субвенционира полагање возачки испит за млади лица

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, со директно обраќање преку медиумите ги сподели деталите за условите и начинот на кој младите од општина Василево кои до 31.12.2024 година ќе наполнат 18 години можат да  добијат субвенции за полагање возачки испит од Б категорија.
Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на градоначалникот Андонов:

Почитувани граѓани на Општина Василево
Парите во буџетот на Општина Василево се пари на граѓаните и затоа ние ги враќаме повторо кај граѓаните. Животниот стандард и достоиннство на секој еден граѓанин е наш приоритет.
Од првиот ден на мојот мандат ветив дека Општина Василево ќе биде општина во која младите ја гледаат својата иднина.
Во таа насока советот на Општина Василево едногласно го прифати мојот предлог за субвенционирање на млади лица од Општин Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола за Б категорија.
За прв па годинава ја воведуваме оваа новина за поттикнување и помош на младите лица за да полагаат за возачка дозвола.
Право на пријавување имаат сите физички лица што живеат на територијата на Општина Василево а во 2024 година полнат 18 години.
Младите лица ке добијат 50 од износот кој се наплатува за посетување на обуката за теоретски и практичен дел.
Младите лица кои полнат 18 години ќе можат да поднесат барање во архивата на Општина Василево а во прилог важечки документ за идентификација, фотокопија од трансакциска сметка и оригинална фискална сметка за извршена уплата во автошколата.
Рокот за поднесување на документите на јавниот повик трае се до исполнуавње на средствата и ќе важи по принципот прв дојден прв услужен.
Обуките и полагањето за возачката дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство.
За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат дедовци и баби и од тие причини донесовме одлука да покриеме дел од трошоците за обука за полагање на сите млади луѓе ќе полнат 18 години.
Ги повикувам сите млади граѓани на општина Василево кои полнат 18 години да поднесат барање до архивата на општина Василево и да ја искористат оваа мерка.
Ние сме тука да работиме во интерес на граѓаните и така ќе продолжиме. Буџетот не е само бројка тука израз на нашите вредности и приоритети и во таа насока јасно покажуваме дека младите се наш приоритет.

Ви благодарам
Градоначалник
Славе Андонов

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail