Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Василево, вчера, веднаш по неговото формирање, во присуство на командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев, одржа седница на која е разгледана состојбата со пожарот во близина на населените места Радичево и Дукатино.
По анализа на информациите, одлучено е состојбата на теренот постојано да се следи од страна на лица од ТППЕ, Струмица, ЈП „Македонски шуми“, подружница Струмица и одредени лица од месното население и за секоја евентуална промена на состојбата да се информира Општинскиот штаб за заштита и спасување, како би било навреме интервенирано и спречени штети и последици од пошироки размери .





