Денес, на големиот Христијански празник Богојавление – Водици, во населените места на општина Василево, согласно Православната вера и традиција беа осветени водите. Чинот на пуштањето на светиот крст во водите и нивното осветување беше проследено од бројни верници. Општина Василево и оваа година како и претходните, за најсреќните – оние кои го фатија крстот, обезбеди награди. Градоначалникот на општина Васиелво, г-дин Ванчо Стојанов, присуствуваше на чинот на осветувањето на водите во населените места Чанаклија, Василево, Владевци, Сушево, Едрениково и Седларци и при тоа лично честитајќи им на оние кои го фатија крстот им ги даде и наградите од локалната самоуправа Василево.





