Пакетчиња за сите првачиња во општина Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на најубав можен начин, со подарок Новогодишно пакетче, на првачињата од општина Василево им ги честиташе Новогодишно-Божиќните празници.

„Да сте ми сите живи и здрави, послушни и вредни, да учите како и досега и да ги слушате наставниците. Нека  би е среќна Новата година и убаво да си го поминете заслужениот распуст“,  им порача градоначалникот Андонов на најмалите ученици, кои му возвратија со новогодишни песнички и ветување дека во следното полугодие уште повеќе ќе се трудат, ќе учат и ќе бидат примерни ученици.

Дарувањето на Новогодишни пакетчиња на првачињата кои посетуваат настава  во основните училишта во општината е традиција, која и оваа година на задоволство и радост на најмалите ученици беше испочитувана.

1 2 3 4 5 6 7 8

9 10 11 12 14 15 16 17

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail