Вчера, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај што се одржа во СВР Струмица. За придонесот и соработката со СВР Струмица во делот на безбедноста беше награден со плакета.
„Ова е ден кога имaме можност да им искажеме благодарност на луѓето во сина униформа кои секогаш се на браникот на државата и се симбол на сигурност и заштиник на безбедноста на граѓаните. Честитки за успешната работа на началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов . Да живее македонската полиција“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.





