Во населеното место Градашорци, Општина Василево спроведува подготвителни активности за изградба, односно асфалтирање на улиците планирани со општинската Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални партишта и улици за 2023 година.
Се работи за вкупно три улици во должина од 95, 116 и 30 метри и ширина од по околу 3,5 метри како и асфалтирање кај еден од мостовите во ова населено место. . Вкупно на сите четири траси ќе бидат асфалтирани 912 м2.
Тековно се работи на порамнување и тампонирање на теренот, по што ќе следи асфалтирањето како завршна фаза.
Вкупниот Буџет за сите овие градежни активности изнесува 1 337 435 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.





