Локалната самоуправа Василево денес во населеното место Нова Маала, започна со подготвителни активности на терен каде набрзо треба да започне со асфалтирање на улица.
Имено, екипа на ЈПКД „Турија“, Василево во чија надлежност е одржувањето на водоводната мрежа денес вршеше промена на цевка од водоводната линија како дел од подготовките за наредната активност – асфалтирање на улицата која води кон училиштето „Атанас Нивичански“ во Нова Маала вклучително и платото пред училишната зграда.
Средствата за оваа активност се обезбедени од општинскиот Буџет.





